Температурата на површината на Земјата на глобално ниво шест последователни дена бележи вредности за најмалку два степени Целзиусови повисоки од прединдустриското ниво. Ова претставува прв ваков регистриран случај откако официјално се спроведуваат мерењата на глобалната клима.
Дневната просечна светска температура достигна рекордни 2,24 степени Целзиусови над референтното ниво од периодот 1850-1900 година. Научните метеоролошки прогнози укажуваат дека параметрите ќе се задржат на слично ниво уште најмалку неколку дена.
Иако оваа временска низа е премногу кратка за да се констатира трајно надминување на горната граница поставена со Парискиот договор за климата, стручњаците предупредуваат дека ваквите мерења се сериозен показател за можните последици доколку емисиите на штетните стакленички гасови итно не се намалат.
