Граѓаните на Чешка утрово, на вториот ден од вториот круг на претседателските избори, масовно излегуваат на гласање за да одлучат кој ќе биде новиот лидер на државата.

Се предвидува историски рекорден одѕив бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи веќе излегоа вчера, на првиот ден од гласањето.

Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, а потоа и шеф на Воениот комитет на НАТО, пензионираниот генерал Петар Павел и петтиот најбогат човек во Чешка, тајкунот од агро и хемиската индустрија Андреј Бабиш.

Павел е проевропски независен кандидат, по моделот на Вацлав Хавел, со електорат и спонзори на кампањата од десниот центар, поддржани од владата на конзервативниот премиер Петар Фијала.

Бабиш е поранешен популистички премиер, сега лидер на опозицијата. Тој е со словачко потекло.

И генералот Павел и милијардерот Бабиш вчера ветија дека нема да го следат примерот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и дека ќе прифатат, доколку бидат поразени на изборите, и дека ќе ги повикаат своите поддржувачи да го почитуваат новиот претседател.