„Ако тоа се направеше во првите шест месеци зборувам и во период на техничка влада но најмногу зборувам во период 2017-та година верувајте ние немаше да дојдеме ниту во ситуација да имаме некакви коефициенти што денеска се запрепастувачки ако се гледаат. Немаше ниту да добиваме епитети на хибрид“, рече Фросина Ременски во „Само вистина“.
Ременски додаде дека во контекстот на македонскиот – бугарски спор се појави националистичка реторика која не оди во корист на Социјалдемократите.
„Изворно движење, изворот на социјалдемократите се работничките движења, синдикалните организации и секако социјалната правда. Не може богатите и сиромашните да бидат изедначени во даночната политика“, нагласи Ременски.
Ременски посочи дека во државата има енергетска сиромаштија, старечка сиромаштија, и тоа потребно е под итно да се корегира.