Кривичниот суд – Скопје денеска ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет се Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски.

Бојан Јовановски Боки 13 доби единствена казна затвор од времетрање од 9 години за кривични дела измама и перење пари.

Јасна Мандиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години. Поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски се ослободува од обвинението. Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на eдинствена условна казна од две години.