Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 96 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 791 141 граѓанин, ревакцинирани се 737 979, а трета доза примиле 425.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 96 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 791 141 граѓанин, ревакцинирани се 737 979, а трета доза примиле 425 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и три отсто од граѓаните над 40 -годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

-Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 отсто од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини, информираат од Министерството за здравство.