Украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников соопштува каква е состојбата во земјата по 196 часа одбрана од руските напади.
Посочува дека нивните сили веќе втора недела ги одбиваат, како што вели, руските окупатори.
-Времето на пробив бара концентрација, посебна концентрација. Нашите бранители го запреа непријателот во повеќето правци. Некои беа успешно спротивставени од вооружените сили. Ситуацијата на југ и понатаму е тешка, каде што непријателот во последните часови ја гранатира нуклеарната централа Запорожје. Но, борбениот дух на луѓето е таков што окупаторите се осудени на пораз. Харков стои како непобедлива тврдина. Цела Украина со болка го гледа руското гранатирање. Но, сега цела Европа знае дека Харков не е само интелектуален и индустриски центар, туку и горд град на храбри граѓани. Суми и Чернихов се борат. Го спасуваат Киев од опсадата. Се додека не се наруши управувањето со државата и армијата, непријателот нема шанси, нагласува Резников.
Посочува дека според податоците кои ги имаат загубите на руската армија надминале 10.000 убиени и ранети.
-Ликвидирањето на најмалку еден руски генерал е потврдено. Руското општество почнува да ги чувствува и сфаќа овие загуби. Уништените руски оклопни возила веќе не се мерат по единици, туку по баталјони и бригади. Вооружените сили добија речиси повеќе тенкови и оклопни возила како трофеи отколку што има добиено украинскиот воено-индустриски комплекс во последните 8 години. Нашите бранители запленија неколку возила со гранати до МЛРС, со кои руските воени злосторници ги гранатираат нашите мирни градови. Сите овие гранати ќе му се „вратат“ на непријателот, порача министерот за одбрана.
Резников додека и дека Украина трпи загуби, дека речиси секој час имаат информации дека Русите убиле украински цивили. Загуби има и меѓу украинските војници.
-Деновиве се донесени многу тешки одлуки. Моравме да маневрираме за да ја спасиме армијата. Но, ќе ја вратиме целата наша земја. Со болка гледаме на уништените згради по руското гранатирање. Ќе обновиме се. Главната работа сега е да се спротивставиме. Сите се уморни, многу луѓе се исцрпени, шокирани од загубата. Сè уште претстои многу тежок период. Ни треба многу сила и издржливост. Но, сакам да им кажам на сите. Украинци – вие сте неверојатни! Непријателот е збунет и исплашен. Сè уште не сме го победиле. Но, овој пат неминовно се наближува победата, порача Резников.