Покачувањето на минималната плата и препишувањето на истата како единствена заслуга на ССМ доведе до состојба на штрајкови и протести, вели претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.

Доколку сите синдикати во еден вистински дијалог се договореле како во наредните 6 месеци етапно и по сектори ќе се усогласуваат платите ,а притоа сите синдикати превземат одговорност за тоа, немаше да дојде до оваа состојба, вели Ристески.

ССМ сакајќи да и направи услуга на Владата и прави голема штета.

КСОМ на 1 Мај излегува на протест и ќе се приклучат кон протестот на ССМ, затоа што целта е обединување на синдикалното ткиво и подобрување на правата на работникот, смета Ристески.

Лидер: Како Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ ќе го одбележи Први мај? Дали ќе се приклучите на протестопт организиран од ССМ или самостојно ќе го одбележите денот на трудот?

-Ме радува тоа што последниве години и другите синдикати протестираат. Ако се вратиме неколку години наназад, а не така одамна пред 5,6 години, може да проверите дека ССМ и другите синдикати беа на ставот да не се протестира и за 1 Мај треба да се прави нешто друго.
Ние сме константни, веќе неколку години на 1 Мај излегуваме на протест. Повторно ќе кажам горд сум што и останатите синдикати веќе 2,3 години протестираат. За разлика од другите синдикати кои имаа проблем да се здружат со нас, ние немаме проблем да се приклучиме кон никого кога станува збор за работничките права. Еве кажувам дека и ние ќе се приклучиме кон Протестот на ССМ организиран за 1 Мај, затоа што е во интерес на работниците и тој ден треба без предрасуди да го одбележиме. А после 1-Мај ќе видиме како настапуваме. Сите сме сведоци на одреди протести и штрајкови, сведоци сме и на тоа дека има поделба на Синдикатите, што јас не можам тоа да го разберам. Затоа што јас секогаш се залагам да сме еднствени, меѓутоа очигледно е дека некој освен Синдикатот го интересираат и други дејствија. Јас како претседател на КСОМ ќе ги повикам синдикатие кои се наши членки да се приклучиме на Протестот за 1 Мај. Се надевам дека и другите синдикати ќе се приклучат и за прв пат заеднички ќе го одбележиме тој ден.

Лидер: Веќе кажавте дека има има многу синдикати и поделеност меѓу нив. Дали можеби политиката е навлезена во синдикалното движење и треба ли едниство кога сите синдикати имаат единствена цел подобри услови за работникот?

-Ние неколку години наназад се обидуваме да го обединиме синдикалното ткиво. Меѓутоа дали има политика во синдикалното движење, не би сакал да навлегувам во тоа. Еве сега СОНК штрајкува , Независниот синдикат за образование наука е членка на нашата огранизација и даде максимална поддршка на СОНК. За разлика од нашиот синдикат кој е целосно вклучен и даде поддршка , еве гледаме другиот синдикат кој е во состав на ССМ сака го оспорат штрајкот. Меѓутоа колку и да не сакаме и да сакаме да избегаме од политика, за жал таа има влезено во синдикатот  и сака да искористи во вакви моменти на штрајкови.

Лидер: Веќе имаме еден активен штрајк на СОНК, КСС најавува нов од 26 април, нетрпение има и во другите сектори. Кој е вашиот став треба да се продолжи со социјален дијалог или само на ваков начин ќе се добие правото на работникот?

-Јас мислам дека единствена причина во Македонија е што Влада и да дојде го форсира ССМ. И секаде ССМ се претставува како водечка сила во синдикалното движење, што не е точно, години наназад се обидувам тоа да го докажам. И тука секоја Влада прави грешка, и претходната и оваа. Му даваат премногу мандат на ССМ како единствен застапник на работничките права.
Грешката се направи со потпишување на минималната плата. Го исфорсираа како тоа да е барање на ССМ и го претставија како голем борец за работничките права а впрочем тоа беше предизборно ветување на Владата кое сега се оствари.
Ние како КСОМ се обидувавме уште тогаш при самите разговори да укажеме дека не е во ред таквиот третман.
Се сеќавате дека тогаш претседателот на ССМ, немаше медуим кој не го пренесе како излагаше како шериф, како тој “еве што направивме“, и сега како резултат на тоа сите бараат усогласување на плата.
Доколку тоа се направеше во една порелаксирана атмосфера, во еден виситински социјален дијалог, каде ќе бидеме вклучени сите релевантни фактори, било репрезентативни или нерепрезентативни, ако седневме на маса во еден вистински социјален дилајог и ако се кажеше дека 18 000 денари минималнаплата е заслуга на сите, не само на некој сидикат која најмалку е заслужен, тврдам, немаше да дојде до оваа состојба.
Ако седневме и СИТЕ синдикати се договоревме како ќе се одвива покачувањето во сите сектори согласно Законот за минимална плата во наредните шест месеци и ако СИТЕ синдикати понесовме одговорност, а не само да се фалиме , ако се договормеве во првиот месец ќе биде покачувањето за образование, па вториот за полиција, јавни претпријатија…итн тогаш ние ќе можевме да делуваме врз членството и ќе знаевме како да го информираме.
Ова створи еден голем револт! И јас сум изреволтиран. Не може само ССМ кога нешто треба да се препише како одредена заслуга да си ја препише лично на себе а кога ќе дојдат еве сега вакви моменти, ајде сега да ги напаѓаме сега другите синдикати бидејќи не чекаат 6 месеци.
ССМ сакајќи да и направи услуга на Владата и прави голема штета.

Ристески не ја исклучува можноста од 27 април и Синдикалците од Управата за водење на матични книги да стапат во Генерален штрајк, со што би настанал хаос во добивањето на личните документи на населението.

-Во нашиот синдикат има и синдикат од Управа на водење матични книги. На 27 април имаме донесено одлука за генерален штрајк. Луѓето ќе одат по изводи, и ќе видиме колку ќе бидат вратени од шалтерите. Меѓутоа еве сеуште преговараме и ќе  видиме дали ќе дојдеме до заедничко прифатливо решение.

Според Ристески, КСОМ е константа во барањето на синдикалните права и одржувањето на протест за 1 Мај, и тој е горд што токму неговиот Синдикат ги разбуди останатите во борбата за подобро утре на работникот.

-Јас сум горд на себе и конфедерацијата што ја водам бидејќи ние го размрдавме синдикалното движење во Македонија. Беше зачаурено. Ги разбудивме останатите синдикати, да и они протестираат. Јас немам никаква пречка и прдрасуда да поддржам одреден синдикат, но ако оценам дека вистински се бори за работничките права. Полека полека доаѓа времето кога политиката ќе се избрише од синдикатот. Раководствата на синдикатот мора свесно и одговорно да се однесуваат и да ги избгнат  канџите на политиката.