Кандидадот за градоначалник на Радовиш од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов пред малку прогласи победа на локалните избори.

Ви благодарам на сите за оваа голема победа за Радовиш, во која вие се докажавте дека го имате правиот начин и метод како да стигнеме до целта. Ви благодарам за упорноста, стрпливоста и мудроста. Од утре почнуваме да го градиме Радовиш таков каков што се договоривме, изјави Ристов по прогласувањето на победата.