Играме дома на Националната арена „Тодор Проески“, играчите ќе ја имаат поддршката од трибините и на нив останува да се докажат, потврдат фаворитискиот статус против Исланд кој не игра за ништо, но ќе настапи без притисок, оптеретување од резултатот што дефинитивно е олеснителна околност за нив.
-Секој натпревар си носи своја приказна. Тоа што сме во ваква ситуација е плод на целиот наш труд низ овие квалификации. Можеби на гости сме подобри, ама обрнуваме вниманието на тоа. Поддшката од навивачите ја очекуваме и сигурно овој меч ќе биде посебен. Не чувствуваме никаков притисок, свесни сме дека судбината е во наши раце. Се надевам дека ќе пристапиме со ладни глави и со квалитет ќе дојдеме до целта. Убеден сум оти квалитетот ќе исплива на површина. Продолжуваме по нашиот пат, да правиме нова генерација. Ќе бидам навистина горд ако како капитен на Македонија се избориме за бараж за пласман на Светско првенство, -истакна капитенот Ристовски.