Капитенот Стефан Ристовски со големи емоции се појави на прес конференцијата. Го кажа својот став:
„Благодарам на честитските… Уште сум во некој нокдаун. Не знам што се деси но знам деа падна европски првак и тоа среде Италија. Се надевам дека ќе дочекам пречек во Скопје пред полн плоштад…“
Стефан Ристовски ја урна Италија а играше во Парма, сега на ред е Португалија каде играше во Спортинг. Капитенот порача!
„Верувајте ми – ќе ја победиме и Португалија! Зошто да немаме сила за пет дена. Ова се историски натпревари. Македонија никогаш не се нашла во ваква положба. Сметам дека ова нема да застане преку ден, дека ова се моменти со кои нашиот фудбал ќе оди напред. Сакам да прославам а од утре да мислам на Порто“.