Поминаа неколку дена по ракометниот дуел меѓу РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер, а се уште не престануваат коментарите меѓу пошироката јавност. Најголем дел од реакциите доаѓаат од Битола, а управата на битолскиот тим се жали за тоа што РК Вардар не се оградил од своите фанови кои предизивикаа инциденти на ракометното дерби.

Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение:

Известување до натпреварувачка комисија на РФМ,
Во интерес на транспарентноста на процесот поврзан со последниот натпревар и немилите настани кои се случија на натпреварот помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер, во прилог го доставуваме одговорот на нашиот клуб кон барањето за изјаснување од наша страна на изјавата на службените лица.