На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.
– Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВто за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Со донесената одлука се гарантира сигурност и стабилност во испораката на електрична енергија. Од побараните 50 денари на 1000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании што ги регулираме, одобрени се 6 денари. На останатите елементи во крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се: увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоме, трошокот за обновливи извори кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5%.
– Намалувањето на ддв-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.