Според неофицијалните информации од Регулаторната комисија за енергетика, Алсат пренесе дека всушност ќе има „незначително, минимално намалување на цената на струјата“.

Цената на струјата, всушност ќе се зголеми за 12,5 проценти, но со намалувањето на ДДВ то од 18 на 5 отсто од први јули, крајната цена за домаќинствата ќе остане иста или ќе биде за помалку од еден процент пониска. Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ќе ја објави новата цена.

Сепак граѓаните ќе се соочат со раст на цените поради воведувањето на зелената такса, а Владата деновиве ќе ги достави до Собранието измените на законот со кој се воведува еколошка такса на кои најави дека ќе бидат со европско знаменце. И покрај критиките и предупредувањата како од граѓаните така и од експертите, власта го турка планот за воведување на еколошка такса за бензините од 3,5 денари за литар, односно за 4,13 денари со пресметан данок на додадена вредност.

– Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво – инфлацијата, кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти, порача вчера Finance Think. Анализата на Finance Think, покажува дека еколошката такса ќе ги зголеми цените на другите добра и услуги.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така постојано апелира дека како што велат, кризниот данок е грабеж на народот.

– Кризниот данок на горивата како го нарекуваат е трајно покачување на цената на горивата од 4.13 денари и тоа ќе има импликации врз висината на сите цени на производите и услугите кои ги добиваат граѓаните.Народот преку даноци го плаќа расипништвото и неспособноста на власта. И додека луѓето околу Заев се богатат, народот страда, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Конечната одлука за тоа дали ќе се зголеми цената на струјата ќе биде објавено попладне, по завршувањето на седницата на Комисијата на којашто сите компании коишто ги доставија трошоците ќе имаат право да упатат забелешки на одлуката на Регулаторот.