Родителите кои се приморани да почнат со работа, велат дека нема место во градинките за нивните деца, и покрај тоа што тие плаќаат месечна чланарина од 521 денари.
Мајка на дете од претшколска возраст преку фејсбук статус се обрати до надлежните во врска со проблемот. Таа вели дека секој месец плаќаат по 521 денари за да го чуваат местото на детето во градинка, но и покрај тоа, место во групите нема.
-Прашањето е, за кое јас тоа МЕСТО, плаќам по 521,00 денари месечно, кое е тоа МЕСТО што се чува за ќерка ми? Од лани до сега секој месец по 521,00 денари за местото, а јас дома си ја чувам. Каде е МЕСТОТО?, напиша таа на Фејсбук.