За само три часа родителите ги собраа потребните 100 иницијални потписи за покренување референдум на државно ниво за образовните реформи на министерката за образование Мила Царовска, објави Сител.
Се собираа во подрачните единици на Државната изборна комисија во Битола и во скопски Центар.
Родителите сметаат дека Царовска нема да ги земе предвид нивните барања и забелешки, затоа и се одлучија на ваков чекор, преку референдум да го искажат своето незадоволство за образовните реформи.
Референдумот е законско право на секој граѓанин. Апсурдно е што таа воопшто не не слуша нас. Апсурдно е да не ги праша родителите дали се за овој Закон или против овој Закон – вели Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“.
МОН, пак, смета дека е апсурдно да се блокира осовременување на образованието преку дигитализација на учебниците.