Триесет и деветгодишна жена од скопско пријавила во полиција дека нејзината деветгодишна ќерка била жртва на недолично однесување од нивни роднина, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 26 февруари во 18:30 часот.
Според пријавата, на 19 февруари 2026 година во семејниот дом, роднината ја допирал и бакнувал малолетничката. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот.
