Францускиот претседател Емануел Макрон го одбил и барањето на Кремљ да го направи рускиот тест за ковид-19 за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена во Москва.
Поради што бил држен на дистанца од рускиот лидер, изјавиле за Ројтерс два извори од опкружувањето на Макрон.
Набљудувачите биле изненадени од фотографијата на Макрон и Путин на спротивните страни на масата долга четири метри за време на разговорите за Украина.
Некои дипломати мислеле дека со ова Путин сака да испрати одредена дипломатска порака. Сепак, извори информирани од здравствениот протокол на макрон посочиле дека францускиот лидер имал избор да прифати ПЦР тест и да биде блиску до Путин, или во спротивно да биде задржан на физичка дистанца.