Романскиот национален центар за надзор и контрола на заразни болести (ЦНСУ) на црвената листа ја вклучи и Македонија, според највисоката кумулативна стапка на инциденција на „Ковид-19“.
Покрај Македонија, на „црвената листа“ се и Србија, Црна Гора, како и Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.
Шпанија, Лихтенштајн и Мароко влегоа во „жолтата зона“, по падот на бројот на нови случаи на коронавирус.
Со зголемување на инциденцата, Норвешка, Австрија, Босна и Херцеговина, Луксембург, Виетнам и Обединетите Арапски Емирати се преселија во „жолтата зона“, додека Финска, Малта, Андора влегоа во „зелената зона“.