Немаме заразени ученици во училиштата. Кои училишта, кои деца или кои наставници се позитивни знаат, имаат информации надлежните кои треба да ја имаат истата.

Јавноста е важно да знае дека процентот на ниво на цела држава е 0,01 процент, тоа укажува на стабилност на состојбата. Покажување со прст кон школо или кон ученик нема да донесе ништо добро на никого.

Сите здравствени служби се ставени на располагање и постапуваат, кажа денеска министерката за образование Мила Царовска.