Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Скопје ќе биде домаќин на неговиот романски колега Богдан Ауреску.

Во рамки на официјална посета на земјава, романскиот министер Ауреску ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.