По второто деби за „ѓаволите“, Португалецот кажа дека е горд што се вратил во оваа екипа и што повторно игра во Премиер лигата.

„Моето враќање на „Олд Трафорд“ е чисто потсетување зошто овој стадион е познат како „театарот на соништата“. За мене, ова е магично место каде што е можно сѐ и можеш да го оствариш сето она кон кое ќе го насочиш умот.

Заедно со моите соиграчи и со фантастичната поддршка од трибините, чекориме по патот со оптимизам и самодоверба дека на крајот сите заедно ќе славиме. Горд сум што сум назад во Манчестер Јунајтед и што играм повторно во Премиер лигата. Но, најмногу горд сум што му помогнав на тимот“, напиша Роналдо по мечот на „Инстаграм“.

Манчестер Јунајтед со оваа победа е лидер во Премиер лигата со вкупно десет освоени бода по четири кола.