Сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг Михаел Рот, пред почетокот на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието.
-Ова не е време за уцени едни кон други, има јасни очекувања од ЕУ, бидејќи пред се ние сме Унија на заеднички вредности, на заеднички пазар и сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја породолжат борбата против корупцијата, рече Рот.
Тој истакна дека не сака да навлегува во детали во однос на измените на Кривичниот законик, напомена дека ги чул и гласините во врска со амнестијата, но нагласи дека политичарите во земјава тука треба да решат за тоа.
-Но, сега ние зборуваме за промена на Уставот, што се однесува на бугарското малцинство и други прашања, кои се исход од еден многу долг, тензичен и контроверзен процес на преговори со ЕУ, специјално со Бугарија. Мојата главна цел е да ги забрзаме преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија, бидејќи Македонците заслужуваат членство во ЕУ што е можно поскоро. Потребна ни е поголема амбиција од девте страни и од страна на ЕУ и од страна на земјава, рече Рот.