Повеќе пријатели денес ми се јавија дека во интервју на градоначалникот на Карпош во ИнфоМакс(Поткаст), рекол дека јас Рубин Земон сум му дал поддршка за неговата кандидатура. Како претседател на ПОЕН, изјавувам дека досега не е дадена поддршка на ниту еден кандидат што собира потписи за кандидат за претседател, како партија.Во наредниот период органите на ПОЕН ќе одлучат дали и на кого ќе се даде поддршка за претседател на Републиката, врз основа на компатибилноста на програмата на кандидатите со целите и политичката платформа на ПОЕН