Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6-4, 7-6(5) во првиот меч, и со тоа на Русите им го донесе првиот бод. Во вториот поединечен меч, Данил Медведев беше подобар од Марин Чилиќ со 7-6(7), 6-2, обезбедувајќи го пехарот за руската селекција.
Ова е трет Дејвис Куп во историјата за Руската федерација, по освојувањето на истиот во 2002 и во 2006 година.
Четири нации веќе се квалификуваа за Дејвис Купот 2022 година. Тоа се годинaшните финалисти, Хрватска и Русија, и две нации со вајлд-карта, Велика Британија и Србија.