Русија и Украина утринава треба да преговараат за прекин на огнот. Средбата на двете делегации треба да се одржи на границата меѓу Полска и Белорусија.

Во меѓувреме руските сили го зазедоа стратешки важниот центар хХерсон, потврдија украинските власти, откако претходно, негираа дека градот паднал во рацете на руската армија. Ова е првиот поголем град што е совладан од силите на путин од почетокот на инвазијата објави Њујорк тајмс.

Падот на Херсон е значаен за Русите, бидејќи ќе им овозможи да контролираат поголем дел од јужното крајбрежје на Украина напредување на запад кон градот Одеса. Со ова се стеснуваат можностите за пристап на хуманитарната и воената помош до Украина по морски пат. Целта на руските напаѓачи е што поскоро да се заземе целото крајбрежје.

Руските сили опколија уште еден клучен пристанишен град, Мариупол, чиј пад ќе им овозможи на двете крила – руската армија и паравојските поддржани од Русија да ги опколат украинските сили на југоистокот од земјата.

Градоначалникот на Херсон, Игор Колихаев, и висок функционер на украинската влада потврдија дека Херсон паднал.

„Руските сили го опколија градот. По неколкудневни интензивни борби, украинските сили се повлекоа кон блискиот град Миколаев. Овде нема украинска армија“, изјави градоначалникот на Херсон, Игор Колихаев и информираше дека

„Околу 10 вооружени руски офицери, вклучително и рускиот командант, влегле во градското собрание, со планови да формираат руски административен центар

Русија и украина утринава треба да преговараат за прекин на огнот.