Светска банка ги суспендира сите свои тековни проекти во Русија и Белорусија како одговор на инвазијата врз Украина, објавија западните медиуми.

Наведувајќи ги „непријателските дејствија против народот на Украина“, доверителот за развој соопшти дека „ги прекинал сите свои програми во Русија и Белорусија со моментален ефект“.