Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку територијата на Украина, во согласност со барањата на европските потрошувачи.

Компанијата објави дека барањата за испорака до денес изнесуваат 106,6 милиони кубни метри, пренесува Ројтерс.

Засега само Бугарија нема да го обнови договорот за испораки на природен гас со рускиот енергетски гигант „Газпром“ поради војната во Украина.

-Ќе ги разгледме алтернативните испораки и идниот заедничкиот договор со Европската унија за да го избегнеме недостигот од овој енергенс, изјави вчера взаменикот премиер Асен Василиев.