Странските туристи од 1 август ќе можат да аплицираат за е-виза за Русија, а од датумот на поднесување на барањето до добивањето на е-визата ќе трае помалку од една недела, соопшти денеска прес-службата на Економски развој.

Електронската виза ќе се издава онлајн за туристички патувања, гостински или деловни посети, учество на научни, културни, спортски или други настани, а документот го издава дипломатското или конзуларното претставништво на Руската Федерација, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Електронската виза е еднократна и важи 60 дена од датумот на издавање, соопшти Министерството.