Украинскиот министер за надворешни работи упати повик за повеќе оружје од земјите на НАТО за спас на животите на Украинците.
Пред средбата, министерот Кулеба изјави дека има „едноставна“ агенда, а Украина е уверена дека најдобриот начин да се победи Русија е со поголема воена поддршка.
-Ги повикувам сојузниците да го остават настрана своето двоумење и неподготвеност, да и обезбедат на Украина сè што и треба, бидејќи колку и да звучи чудно, денес оружјето служи за целта на мирот“, истакна Дмитро Кулеба, Министерот за надворешни работи на Украина.
Министерот за надворешни работи на Украина се состана со своите колеги од нато на самитот во Брисел, како дел од нивните дискусии за тоа како најдобро да се вооружи украина за да се спротистави на обновените руски воени напади што се очекуваат на истокот на земјата. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пак ги повика членките на Алијансата да и’ дадат поголема помош на Украина. Тој додаде дека ќе и’ даде до знаење на Москва дека нема да има недоразбирања, погрешни проценки за подготвеноста на НАТО да ги заштити и брани сите сојузници.
Шест недели од руската инвазија на Украина илјадници луѓе се обидуваат да избегаат од Донбас пред очекуваната офанзива на Русија во источна Украина. Украинските власти апелираат до луѓето во областа „да ја искористат оваа можност“ да бегаат „додека е безбедно“. Градоначалникот на Мариупол рече дека градот станал „новиот аушвиц“ и дека русите собирале и палеле тела на жители за да ги прикријат доказите.
САД оценија дека повлекувањето на Русија од регионите надвор од киев и чернихив сега е завршено, а војната го префрла фокусот на исток.
Повеќе од 400 луѓе се водат како исчезнати од градот Хостомел. Претседателот на Украина Володиммир Зеленски утринава ги критикуваше меѓународните санкции кон Русија како премногу слаби, велејќи дека тие им даваат „дозвола“ на напаѓачите да продолжат. Тој го повика западот да се договори за ембарго на руската нафта. САД имаат за цел нови санкции кон русија и потесниот круг на путин – вклучувајќи ги двете возрасни ќерки на претседателотлидерите на европската унија разговараат за какви дополнителни мерки би можеле да и наметнат на русија за да ги оштетат нејзините воени напори. предлозите вклучуваат забрана за увоз на руски јаглен – но некои високи лидери велат дека нафтата и гасот исто така треба да бидат забранети.