Русија утре ќе ја прекине испораката на гас за Холандија, соопшти гасната компанија GasTerra, која делумно е во сопственост на Холандија, пренесува The Guardian.

Оваа информација доаѓа откако компанијата одбила да му плати гас на снабдувачот Газпром во рубљи, поради спорот меѓу Западот и Русија околу плаќањето на енергијата.