Францускиот воен репортер Фредерик Леклер-Имхоф денеска е убиен додека се одвивала хуманитарна евакуација на цивилите во близина на градот Севернодоњецк, во источна Украина, пренесуваат француските власти.

Претседателот Емануел Макрон и шефицата на дипломатијата Кетрин Колона изразија сочувство до семејството на новинарот и неговиот работодавец – BFMTV.

-Новинарот Фредерик Леклерк-Имхоф беше во Украина за да ја покаже реалноста на војната. Тој беше смртно погоден во автобус за време на хуманитарна мисија, со цивили, кои беа принудени да бегаат од руските бомби, напиша Макрон на Твитер.

БФМТВ објави дека 32-годишниот новинар бил погоден од парче шрапнел.

Ова било негово второ патување во Украина од почетокот на војната.

Во инцидентот полесно е повреден и неговиот колега.