Руските трупи денеска целосно ја напуштија високо контаминираната нуклеарна зона во Чернобил и ја вратија контролата на Украинците, соопштија локалните власт.

Украинската државна нуклеарна компанија тврди дека повлекувањето се случило откако војниците примиле „значајна доза“ радијација бидејќи копале ровоци во шума околу нуклеарката. АП додава дека не постои независна потврда за оваа информација.

Во четвртокот украинската страна соопшти дека најголем дел од руските војници го напуштиле Чернобил, но останал помал дел од војската.