Директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, рече дека САД имаат докази дека руската инвазија на Украина е „стратешка катастрофа” за Русија.

Таа додаде дека Русија ќе се соочи со дополнителни санкции поради инвазијата.

– Самиот Путин рече дека овие санкции предизвикаа невидени трошоци за руската економија, а нашата улога е да продолжиме да ја зајакнуваме Украина на бојното поле, рече таа.

Бедингфилд наведе дека во моментов нема планови за комуникација меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин.