Русија досега нема одобрено ниедна странска ковид вакцина, додека самата ги има развиено четири, од кои најпозната е „спутник“. Ниедна од нив засега не е одобрена од Светската здравствена организација. Таа на 15 септември објави дека го прекинала процесот на одобрување на „спутник“ откако нејзина инспекција утврдила производствени пропусти.
–Барањата за тури за вакцинирање во странство со вакцини одобрени од СЗО се зголемија од оваа објава минатата недела, изјави Маја Ломиѕе, директорката на Руската асоцијација на туроператори.
Повеќето од турите, кои чинат меѓу 600 и 850 евра, се за Србија, а една компанија ја нуди и Германија како дестинација. Тие им овозможуваат на Русите да примат една од четири различни вакцини, а ако се решат за вакцина со две дози, потребни се две патувања.
–Почнавме да ги нудиме овие тури пред две недели. Нашите клиенти најчесто ја избираат вакцината на ‘Фајзер‘. Понудата вклучува повратен лет со ‘Аерофлот‘, две-три ноќевања во Белград, појадок и патување до клиника. Самата вакцина е бесплатна“, вели Ана Филатовскаја од агенцијата „Рашн ескпрес“.