Се интензивираат борбите во северните предградија на Киев. Русите напаѓаат, Украинците засега ефикасно со бранат.
Еден цивил загина, а 19 се повредени откако ракета испалена од руските позиции погоди зграда во киевската населбата Подил.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко, кој веднаш по нападот отиде лично да го надгледува спасувањето на луѓето од општетените и запалени згради, кажа дека меѓу повредените има и 4 деца.
Кличко објави дека се подготвувал голем напад на украинската престолнина, сличен на Мариупол или Харков, но и дека тие се подготвени да се бран. А, тоа и се гледа на терен. Киев е претворен во тврдина. Ископани се ровови, блокирани се сите улица, бункери се поставени на клучните точки, резервите за храна се пополнети. За разлика од Киев, Маиупол нема време да се подготви за таква одбрана. Речиси 80 проценти од згради во градот се оштетени или уништени, а последен во низата е и најголемиот градски трговски центар во последните борби е целосно разурнат. Русите тврдат дека веќе се во центарот на градот.
Утринава беше бомбардиран и Лавов а густ чад се издигнуваше брз некои делови на градот.
И додека во Украина расте бројот загинати и повредени, продолжуваат и обидите за мирна разрешница на војната. Рускиот претседател Путин вечерва повторно ќе разговара со Макрон, а во синоќешниот телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган, Путин кажал дека е подготвен за средба со Зеленски, но под неколку услови. И додека се подготвува „терен“ за директна средба Путин-Зеленски, во Русија веќе и обичните граѓани ги чувствуваат последиците од санкциите. Во маркетите некои рафтови за храна се празни. На социјалните мрежи се појави видео, каде што се гледа тепачка и во маркет поради шеќер.