Руската војска собори беспилотно летало во регионот Воронеж, изјави гувернерот на регионот Александар Гусев , пренесува РИА новости.

-Утрово, на небото во близина на Воронеж, системот за противвоздушна одбрана откри и успешно уништи мало извидувачко летало. Ја држам ситуацијата под лична контрола. Ништо не ги загрозува животот и здравјето на жителите на регионот, вели тој

Претходно неколку експлозии се слушнаа во близина на Белгород, околу 40 километри северно од украинската граница. Горел магацин за оружје, а пожарот во меѓувреме бил изгаснат.

Нема нови информации за штети. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладко само претходно изјави дека никој од цивилите не е убиен.