Меѓу нив се компании како Apple, Google, Facebook, Telegram, TikTok и Twitter.
Барањето е поврзано со одредбите на новиот закон кој стапи на сила на почетокот на јули и кој бара локални канцеларии за „интернет компании“ со над 500.000 корисници на дневна основа. Сепак, некои од компаниите веќе имаат канцеларии и не е јасно какво е официјалното присуство. Оние за кои се смета дека го прекршуваат законот може да подлежат на целосни забрани или ограничувања за рекламирање, собирање податоци и парични трансакции.
Се оценува дека постои загриженост за тоа дека Русија би можела да го искористи тој закон и да добие поголема контрола врз тие компании и нивната содржина. Русија неколку пати се судри со Apple, вклучително и со парична казна за наводна злоупотреба на доминацијата во App Store.
Неодамна усвоениот закон може да им даде на регулаторите многу поголемо влијание. Овој потег, исто така може да помогне на Русија да изврши притисок врз компаниите да ги цензурираат содржините што владата ги смета за неприфатливи, како што се објавите на социјалните мрежи кои ја поддржуваат политичката опозиција или противниците на Путин.
Русија е значаен пазар што некои компании не треба да го загубат. Некои од нив можеби ќе треба да донесат непријатни одлуки за нивниот бизнис без оглед на конечниот исход.