Украинското Министерство за одбрана утрово објави информација за корупција меѓу руските војници стационирани во соседна Белорусија.

Според украинската страна, руските војници продавале гориво и залихи, а во некои случаи ги менувале за алкохол.

Украинската војска утрово објави и дека руските сили досега изгубиле 582 тенкови, 294 парчиња артилерија, 93 повеќецевни ракетни фрлачи, 52 противвоздушни системи, 73 цистерни со гориво и 1.114 други возила во Украина.