Обвинителката Вилма Рускоска неочекувано пред почетокот на завршните зборови најави дека направила измена во обвинението за настаните од 27 април. Таа измените ги достави на судот без да каже за што се однесуваат, пишува „Република“.
На ова реагираше одбраната на обвинетите дека мора да бидат запознаени со измените и да им се даде можност за контра докази.
На обвинителна клупа седат четворица поранешни високи функционери: експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, бившите министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.