Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска почна војна на социјалните мрежи со новинарот Богдан Илиевски, пренесува Експрес.

Новинарот познат како Бетмен Велит не му премолче и го нарече пратеникот „Рутер војводата”.

Апасиев реагираше откако Левица лажно обвини дека ВМРО-ДПМНЕ направила кворум за Кривичниот законик а откако Илиевски со математика докажа дека власта имала кворум и без опозициски пратеници кои гласаа против.

Новинарот во одговорот кон Левица праша зошто Апасиев бил регистриран во салата и не гласал протерал в законот ниту покренал амандмани.

На тоа лидерот на Левица почна лична војна со Бетмен Велит.

,,Деновиве, да не си му у кожа на амнестираниот Бетмен Велит. Мора да се праи кловн у етер, за да ги брани кворумџиите од ДПМНЕ”, напиша Апасиев.

Во одговорот новинарот го нарече Апасиев кој бил советник на екс шефицата на СЈО Катица Јанева слуга и „Рутер војвода”.

,,Слугата на Заев и Катица од Девица је мало нервозан? Не е навикнат да му ги вади некој глупостите на ачик, па откако им отќуте вчера во парламент, денес исЌина со статусите, прав рутер војвода.
Димче збирај нерви, само што започнав.
И да частиш нешто од вчерашната дневница, статусов не се важи”, одговори Илиевски.