Дистрибуиран доверливиот избирачки материјал
Последни подготовки за двојните избори кои нѐ очекуваат, па речиси сѐ е спремно. Доверливиот избирачки материјал за вториот круг претседателски, како и парламентарните избори, целосно е подигнат од битолската печатница „Киро Дандаро“. Неговата дистрибуција до општинските избирачки комисии во присуство на членовите на ДИК и силно полициско обезбедување, започна од раните утрински часови
Мониторинг на ОБСЕ и ДИК
Под мониторинг на ОБСЕ и Државната изборна комисија изработката на доверливиот избирачки материјал траела 15 дена.
Од печатницата велат дека со оглед на бројот на коалиции и партии кои учествуваат на парламентарните избори за печатење на овие гласачки ливчиња биле потребни 10 денови а двојно помалку за гласачкото ливче за иден шеф на државата.
Се огласи Дашевски
Подготовките за следниов избирачки процес бараат поголема мобилизација бидејќи одреден временски период изгубивме во решавањето по одредени приговори и тужби вели претседателот на ДИК.
Александар Даштевски рече дека надминат е и проблемот со 140 членови од избирачкиот одбор кои ќе патуваат во декапеата. По претходно доставениот гласачки материјал тие во ДИК денес ќе можат да гласаат од седум до деветнаесет часот.