Вашингтон бара одговори од Москва во врска со смртниот случај предизвикан од чума и внимателно го следи развојот на настаните.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, за време на својата посета на Исланд испрати директна порака до руските власти, нагласувајќи дека меѓународната заедница очекува транспарентност.
„Русија има одговорност да открие повеќе информации на светот. Ја следиме ситуацијата час по час“, порача Рубио.
Случајот уследи откако вработен во институтот за истражување на чума во Сибир почина во петокот под необјаснети околности. По инцидентот, руските власти ставија во карантин десетици лица, што предизвика сериозна загриженост за јавното здравје на социјалните мрежи, иако официјална Москва тврди дека ситуацијата е под целосна контрола.
Рубио нагласи дека САД се подготвени да помогнат доколку состојбата се покаже посериозна од официјално прикажаното, но подвлече дека на американската администрација ѝ се потребни дополнителни податоци пред каква било акција. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп исто така најави поддршка и оцени дека оваа епидемија претставува голем проблем за Русија.
