Во настап за ТВ каналот Фокс њуз тој уште еднаш укажа дека САД влегоа во Авганистан пред дваесет години со единствена цел – да се стават пред лицето на правдата организаторите на терористичките напади на 11 септември 2001 година и да се намали можноста од тоа Ал-Каеда да врши терористички напади на САД од Авганистан, и таа цел била постигната.

– Дали има остатоци од Ал-Каеда во Авганистан? Има. Но претседателот (Џо Бајден) зборуваша за нејзината способност да го изврши тоа што таа го изврши на 11 септември. И таа способност беше успешно намалена, изјави тој.

Првиот дипломат на САД изјави дека од почетокот на кампањата за евакуација, почната при крајот на јули со воени и чартерни летови од аеродромот во Кабул биле изнесени околу 30.000 луѓе, од кои 8.000 само во изминатото деноноќие.

Блинкен истакна дека администрацијата ангажирала комерцијални авиокомпании за превоз до трети земји, каде луѓето пристигаат од Кабул и остануваат во нив привремено за проверка.

– Склучивме договори отприлика со дваесетина земји од четири континенти, кои помагаат или наскоро ќе ни помогнат да ги изнесеме луѓето од Кабул, рече Блинкен.

Во врско со повикот на амбасадата на САД во Кабул американските државјани да не одат во аеродромот пред добивање инструцкии од властите на САД, Блинкен изјави дека тоа се прави за да се воведе ред во евакуацијата.

– Ситуацијата е крајно нестабилна… Видовме срцепарателни кадри како луѓето се здобиваа со повреди или дури и гинеа… Затоа е важно да се направи се што може во однос на толпите кои се наѓаат на влезот во аеродромот, и ние со тоа се занимаваме.. Се наѓаме во директен контакт со Американците и останатите, за да им помогнеме да влезат во аеродромот во потребното време и на потребното место, рече државниот секретар.

Во интервји за Си-Би-Ес, Блинкен потврди дека тоа што се преговара со талибанците не значи дека се признава нивната легитимност

– Со нив веќе одамна комуницираме на политичко ниво во Доха… и сега на лице место во Кабул оддржуваме работни односи за елиминација на конфликтни ситуации, за решение на проблеми, што се појавија со обидите на луѓето да се доберат до аеродромот. Многу е важно луѓето да бидат изнесени безбедно и ефективно. Таква е природата на тие односи, рече тој.