Првиот човек на талибанците во Доха се закани дека „ќе има последици“ доколку американскиот претседател Џо Бајден не го одржи ветувањето и не ги повлече американските војници до 31 август.

„Тоа е црвената линија. Бајден најави дека ќе ги повлече своите сили до крајот на овој месец. Ако се продолжи тој рок, тоа значи дека ја продолжуваат окупацијата без потреба“, истакна Сухаил Шахин, портпарол на талибанците.