Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, центрите укажаа на ниско ниво на Ковид-19 во земјата и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД.

Прес-службата на Стејт департментот соопшти дека по направена анализа за безбедноста при патување, претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Северна Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.