Американскиот државен секретар Антони Блинкен објави дека САД им се придружиле на своите сојузници во блокирањето на руските банкарски трансакции.

„САД им се придружуваат на нашите сојузници и партнери во стопирањето на трансакциите во кои се вклучени Централната банка на Русија или руското Министерство за финансии. Воведуваме санкции и на рускиот фонд за директни инвестиции“, напиша Блинкен на Твитер.