Соопштението доаѓа по виртуелниот состанок во врска со кибер нападите одржан во Белата куќа во октомври, на кој учествуваа Европската унија и повеќе од 30 земји, вклучително и Израел.
Американскиот заменик-секретар за финансии Воли Адејемо тогаш побара меѓународна соработка за решавање на злоупотребата на виртуелната валута. Партнерството следи по преземените мерки за намалување на хакерските напади кои погодија неколку големи американски компании, вклучително и нападот врз најголемиот гасовод во САД, по што земјата неколку дена беше во проблеми со испораките на нафтени деривати.