За тримесечен период од 15 ноември, цените на бензините и на дизелот не можат да надминат 480 форинти (1,31 евро) за литар на бензинските пумпи, изјави минатата недела Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

„Се надеваме дека ова ќе и помогне на економијата и ќе помогне да се спречи инфлацијата“, рече Гулаш. Тој нагласи дека Унгарија ќе продолжи да ги замрзнува малопродажните цени на енергенсите поради зголемените сметки за електрична енергија низ Европа.

Главната годишна инфлација во земјава во октомври се забрза до 9-годишниот максимум од 6,5 отсто, што е над очекувањата и делумно се должи на растот на горивата за 30,7 отсто, што ги потисна нивните цени над психолошкото ниво од 500 форинти за литар.