САД испорачаа повеќе од 12.000 противтенковски системи, 1.400 противвоздушни системи и неколку стотици дронови камикази во Украина, соопшти администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Новите податоци од администрацијата беа објавени откако САД одобрија нова испорака на оружје за Украина во вредност од 100 милиони долари, така што вкупната помош на Вашингтон од почетокот на руската инвазија врз Украина достигна 1,7 милијарди долари, јави Си-Ен-Ен.

САД на Украина и дадоа и бројни системи „Стингер“ и „Џавелин“, како и повеќе од 7.000 противтенковски системи, стотици беспилотни летала, повеќе од 50 милиони парчиња муниција, 45.000 панцири и шлемови и ракетни системи управувани со ласер.