Во засилените санкции ставени се 20 физичкии 12 правни лица, вклучувајќи еден од синовите на Александар Лукашенко, соопшти Министерството за финансии на САД. Воведени се ограничувања за купување хартии од вредност издавани од Белорусија.
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска го поздрави наметнувањето на координирани санкции против власта во Белорусија. Според него, ова е трета рунда на заеднички санкции и е последица на „продолжителното и безобразно игнорирање на човековите права и неисполнување од страна на Белорусија на меѓународните обврски во областа на заштитата на човековите права“.
-Остануваме посветени да ги поддржиме демократските аспирации на народот во Белорусија и стоиме заедно да предизвикаме последици за режимот – и за оние кои го поддржуваат – за обидите да се заглушат гласовите на независното граѓанско општество и на сите Белоруси кои бараат вистината да излезе на виделина за тоа што се случува во нивната земја, сенаведува во заедничката изјава.
Од режимот на Лукашенко сојузниците бараат веднаш да се запре со оркестрирање нерегуларна имиграција преку границите со ЕУ. Сојузниците се спремни да ги казнат сите кои помогаат нелегален транзит на надвоешните граници на ЕУ.
Сојузниците повикаа веднаш да бидат ослободени речиси 900 политички затвореници во Белорусија и да се запре кампањата на репресија и имплементација на препораките на експертските мисии на ОБСЕ, се наведува во заедничкото сооштение